Сака ќе стане најплатениот фудбалер во историјата на Арсенал

Фудбалерот на Арсенал и англискиот репрезентативец Букајо Сака е пред потпишување на нов договор кој ќе го направи најплатениот играч во историјата на клубот.

Според информациите од англиските медиуми, „топчиите“ подготвуваат нов договор за својата ѕвезда вреден над 300.000 фунти неделно, сума што никој фудбалер во Арсенал досега не ја заработувал.

Сака моментално има плата од околу 195.000 фунти неделно, но со новиот договор ќе го надмине дури и Пјер-Емерик Обамејанг, кој своевремено беше најплатениот фудбалер на клубот.

Ова е јасен сигнал дека Арсенал го гледа 23-годишниот офанзивец како носител на проектот и иднината на тимот, а клубот сака да го задржи по секоја цена.

Сака, кој е еден од најдобрите млади играчи во Премиер лигата, изминативе сезони е клучен за успехот на Арсенал, а со новиот договор ќе го добие и признанието што го заслужува.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО