Масар Омерагиќ именуван за член на Олимпискиот фудбалски комитет на ФИФА

Претседателот на Фудбалска федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ, е официјално именуван за член на Олимпискиот фудбалски комитет при ФИФА — значајно признавање за македонскиот фудбал.

Комитетот кој работи под покровителство на Советот на ФИФА има за цел да го развива и координира фудбалот во рамки на олимписките игри, како и да ја унапредува соработката помеѓу ФИФА и Меѓународен олимписки комитет (МОК).

– Горд сум што ќе имам можност да го претставувам македонскиот фудбал на највисоко меѓународно ниво,“ изјави Омерагиќ, потенцирајќи дека именувањето претставува голема чест и одговорност.

Со ова именување, Македонија добива застапеност и глас во една од највлијателните институции во меѓународниот фудбал, што дополнително го издига угледот на нашата федерација и отвора нови можности за развој.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО