Возачот на Формула 1 тимот на Ферари, Карлос Саинц, беше успешно опериран во Ријад, откако му беше дијагностицирано вослапелие на слепото црево.
Откако се чувствувал лошо неколку дена, било утврдено дека му е потребна хируршка процедура, која набрзо била извршена во болница во Саудиска Арабија.
По операцијата, од болница самиот Шпанец испрати порака до фановите и колегите.
-Се помина без никакви проблеми, а јас се чувствувам многу подобро. Ви благодарам на сите за вашите љубезни пораки, и на сите оние кои се грижеа за мене овие денови во Саудиска Арабија, особено во болницата. Со среќа утре – напиша Саинц.