Саха: Бензема би можел да биде совршен за Манчестер Јунајтед

Познато е дека Карим Бензема не е среќен во клубот во кој престојува сега, тој е во отворен конфликт со управата и навивачите на Ал Итихад и неговата иднина таму изгледа неизвесно.

Но можеби за францускиот ветеран може да има добро и квалитетно решение. Имено, сонародникот на Бензема, Луис Саха, кој своевремено го носеше дресот на „црвените ѓаволи“, смета дека Бензема би бил идеално засилување за Јунајтед.

Саха четири сезони беше член на Манчестер Јунајтед, па сега му предлага на Јунајтед, па и на Бензема, дека нивната соработка може да биде одличнма.

– Бензема би бил совршен за нападот на Јунајтед, во моментов потребен им е играч од калибарот на Бензема. Тој со сигурност ќе постигнува голови и ќе биде ефикасен. Несомнено дека и со Бензема во нападот, Јунајтед би бил подобар и би остварувал подобри резултат, тврди Луис Саха.

Од друга страна, постојат шпекулации дека Бензема би можел да се врати во Лион каде играше до 2009 година, а опција за него е и Серија А.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО