(ФОТО) На пливачка и пукна костимот, па и излета задникот – ниту нејзината брза реакција не и помогна

Проблемите со опремата пред влегување во базен се најлошото нешто што може да му се случи на еден пливач. Судиите не сакаат да чекаат, а на пливачите не им преостанува ништо друго освен да се откажат.

И додека во фудбалот или спортовите со топка играчите можат да ги променат дресовите и да продолжат да се натпреваруваат за неколку секунди, тоа не е случај со пливањето.

Италијанската пливачка Флавија Зокари, чиј костим за капење пукна, почувствува најдоброто како е да останеш без можност да се освои медал.

Сето тоа се случуваше во пресрет на трката на 200 метри на Медитеранските игри. Зокари била подготвена да скокне во базенот, но костимот и се скинал на грбот.

Фотографите го снимија тој момент и нејзиниот гол задник го обиколи светот и и донесе голем срам на Италијанката.

Очекувано, Зокари во тој момент минуваше низ пеколот. Таа веднаш го покрила задниот дел од телото со раката, но веќе било доцна.

Кога сфатила дека нема да може да се натпреварува, се расплакала и неутешно плачела покрај базенот додека нејзините ривалки се натпреварувале.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО