Откупна клаузула од милијарда евра за еден од најголемите светски таленти

Пау Кубарси (17) е најновиот супер талент на Барселона „роден“ во академијата Ла Масија. Младиот шпански стопер кој има договор со Каталонците до 2026 година, сезонава забележа 30 настапи за тимот на Чави Ернандез, иако малолетен!

Фудбалскот инсајдер, Фабрицио Романо најавува дека Барса спрема нов договор за Кубарси. Романо открива дека спортскиот директор на Барселона, Деко, ги договорил условите со агентите на Кубарси уште пред две недели и оти моментално се разработуваат деталите по што треба да биде потпишан договорот во кој ќе има откупна клаузула од милијарда евра!

Барселона не мисли дека некој ќе ја плати таа сума за играчот, туку сака да го заштити за да не може некој да и’ го „украде“ во случај да стави помала клаузула.

Ненадејниот, брз подем на младиот дефанзивец резултираше со покана за репрезентацијата на Шпанија, за која одигра 16 минути на пријателските натпревари со Бразил (3:3) и Колумбија (0:1).

Трансфермаркт, интернет-страницата специјализирана за вредноста на фудбалерите, го проценува Кубарси на 25 милиони евра.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО