13/09/2024

Сабаленка ќе игра на Мајами опен по смртта на свршеникот

Арина Сабаленка има намера да игра на Мајами опен по смртта на нејзиното момче, поранешниот хокеар, Константин Колцов.

Сабаленка (25) е втора носителка на турнирот во Мајами на кој ќе стартува во второто коло, кон крајот на неделава.

Колцов, кој ја претставуваше Белорусија на Зимските олимписки игри (ЗОИ) 2002 и 2010 година, почина на 42-годишна возраст. Тој три години играше во НХЛ лигата за Питсбург пингвинс.

Колцов починал во Мајами од, како што соопшти полицискиот оддел во Мајами-Дејд, „очигледно самоубиство“. Таткото на Забаленка, Сергеј, исто така поранешен хокејар, почина во 2019 година на 43-годишна возраст.

Сабаленка, втората светска тенисерка, го опиша Сергеј како нејзина „најголема мотивација“ кога ја одбрани титулата на Австралија опен во јануари, исполнувајќи го сонот што го сподели со него да освои две грен слем титули до 25-годишна возраст.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО