Рустемовски се враќа со медал од Белград

Македонскиот боксерски репрезентативец, Ален Рустемовски, кој го освои сребрениот медал на меѓународниот турнир во Белград, се огласи на социјалните мрежи.

-Победите и поразите се составен дел . Имав двајца исклучително квалитетни противници од Шпанија и Русија, освојувачи на европски и светски медали и две супер велесили во боксот“, напиша на Фејсбук, Рустемовски по финалето со Едуард Савин од Русија.

Рустемовски кој загуби со одлука на судиите, сега ќе се подготвува за Европското првенство.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО