Рудигер: Реал е најголемиот тим на светот

Антонио Рудигер , централниот дефанзивец на Реал Мадрид, вели дека ниту еден негов претходен клуб не може да се спореди со „кралевите“.

– Со сета почит кон другите клубови за кои играв и кои исто така имаат статус на големи, мислам дека не можат да се споредат со Реал Мадрид – вели стоперот..

– Има 14 пехари во Лигата на шампионите. Секако дека го чувствувате притисокот, јас го доживеав минатата година. Тука мора да бидете подготвени да одите до крај. Секогаш се работи за победа. Реми или пораз едноставно не се опција, – рече Рудигер кој пред да дојде во Реал Мадрид во летото 2022 година, играше за Челзи, Рома и Штудгарт.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО