Ефикасно насекаде, но никаде немаше победник: Реми и во Мадрид и во Лондон

Арсенал и Баерн Минхен одиграа одличен натпревар на „Емирати“ во првата четвртфинална пресметка, по која го оставија резултатот отворен за реваншот.

На оваа средба немаше победник (2:2), иако први поведоа домаќините. Баерн Минхен подоцна направи комплетен пресврт, но до крајот Арсенал се избори за реми.

Се’ почна од голот на Букајо Сака во 12. минута, кога го совлада голманот на гостите за еуфорија на „Емирати“. Но радоста на „топчиите“ краеше кратко, бидејки во 18. минута, Баерн Минхен во „егал“ го носи Серж Гнабри, за 1:1.

Во 32. минута беше досуден пенал за гостите, што го реализира Хари Кејн, за предност на гостите пред полувремето.

Во вториот дел се играше отворено, со шанси на двете страни, а конечните 2:2 ги постави Тросар во 76. минута, што значи дека прашањето за патникот во полуфиналето ќе се решава во реваншот во Минхен.

На второто дерби вечерва, исто така беше ефикасно, и исто така без победник. Се’ почна од голот на гостите во 2. минута преку Силва.

Домаќините возвратија, за 1:1, благодарение на автоголот на Дијаз, па само две минути подоцна, Родриго стрела за водство на домаќините.

Во вториот дел Сити преку Фоден израмни на 2:2, а за шокот за домаќините да биде поголем, само пет минути подоцна, Јошко Гвардиол погоди за водство (3:2).

Конечните 3:3 ги постави Федерико Валверде во 79. минута, за одлична увертира во реванш пресметката во Манчестер.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО