Роналдо казнет за вулгарниот гест

Португалецот Кристијано Роналдо суспендиран е на два натпревара поради непристојните гестови што ги направи кон дел од навивачите кои го испровоцираа извикувајќи го името на Лионел Меси.

Напаѓачот на Ал Наср на провокациите за време на средбата против Ал Шабаб одговори на вулгарен начин со тоа што прво се фати за уво сугерирајќи дека „не може добро да ги слушне“, а потоа се фати за меѓуножјето симулирајќи (веројатно) дека се самозадоволува.

Како што пренесуваат англиските медиуми, Роналдо покрај двата натпревара неиграње, казнет е и парично.

Сумата не е наведена, но се нагласува дека ќе биде занемарлива за него со оглед на примањата кои на годишно ниво достигнуваат и до 200 милиони евра.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО