Home Featured Романците именуваа 79-годишен селектор, кој ја водеше репрезентацијата пред неколку децении?

Романците именуваа 79-годишен селектор, кој ја водеше репрезентацијата пред неколку децении?

0
Романците именуваа 79-годишен селектор, кој ја водеше репрезентацијата пред неколку децении?

Искусниот стручњак, Мирчеа Луческу по 38 години повторно е селектор на Романија, соопшти денеска Фудбалскиот сојуз на Романија.

Луческу (79) на клупата ќе го наследи Едвард Јорданеску, потпишувајќи договор со челниците на романската репрезентација до крајот на Светското првенство (СП) 2026 година, доколку Романците се пласираат на Мундијалот.

Во претходниот мандат Луческу ја водеше Романија од 1981 до 1986 година и успеа да ја одведе репрезентацијата на Европското првенство (ЕП) 1984 година во Франција.

Новиот/стар селектор ќе ја предводи селекцијата во Лигата на нации (ЛН), каде ривали на Романија во групата ќе и бидат Литванија, Косово и Кипар.

Луческу во богатата кариера беше селектор на Турција, а беше тренер на Интер, Динамо Киев, Шатјор Доњецк, Бешикташ, Зенит…