Рома ќе продаде пет играчи летово за да заштеди 50 милиони евра!

Италијанскиот калчолигаш Рома, на лето ќе се раздели со пет играчи и на овој начин ќе заштеди над 50 милиони од платите на овие играчи, пренесува „Газета дело Спорт“.

Според написот во весникот, Расмус Кристенсен, Ренато Санчез и Дин Хјусен ќе се вратат во нивните матични клубоци, Лидс, Пари Сен Жермен и Јувентус, на крајот од позајмицата, во јуни, а на голманите, Руи Патрисио и Пјетро Бур, нема да им бидат понудени нови договори.

На „Олимпико“ има и играчи со неизвесна иднина. Останувањето на Ромелу Лукаку е малку веројатно со оглед на тоа што Рома ќе мора да плати 43 милиони евра за неговиот трансфер од Челси да биде постојан, плус најмалку годишна бруто плата од 13,8 милиони евра.

Рома ја разгледува иднината и на другите играчи кои моментално се позајмени: Сардар Азмун (Баер Леверкузен), Анжелињо (Лајпциг) и Диего Љоренте (Лидс).

Од друга страна, договорот на Леонардо Спинацола истекува во јуни, па иако неговиот агент, Давиде Липи во јануари изјави дека неговиот клиент нема да го продолжи договорот по јуни, Даниеле Де Роси му дава редовна минутажа на италијанскиот лев бек за да може да побара од клубот да му понуди нов договор.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО