Рома импресионирана од Де Роси, ќе му понуди нов договор

Раководството на Рома размислува да му понуди долгорочен договор на клупската легенда Даниеле Де Роси. 40-годишниот стратег моментално го води тимот по отказот кој го доби Жозе Мурињо, а резултатите на „волчицата“ се импресивни.

Тимот ја оствари својата шеста победа во последните седум натпревари викендов, откако ја совлада Монца со 4-1. Како резултат на тоа, Рома сега е на петтото место во поредокот, само 4 бода зад четвртопласираната Болоња. Де Роси беше назначен за менаџер во јануари, а потоа тој самиот одби да потпише долгорочен договор. Тој во моментов е обврзан само до крајот на сезоната со договор вреден 500.000 евра.

На три месеци пред истекот на договорот, раководството веќе почнува со чекори за негово обновување. Шефовите на Рома се импресионирани од Де Роси и се шпекулира дека ќе му понудат 2-годишен договор.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО