Овен има нерешлива дилема околу Манчестер Јунајтед по загубеното дерби: Ако некој ме прашува..

Некогашниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Мајкл Овен, смета дека „црвените ѓаволи“ во блиска иднина можеби ќе го менуваат тренерот, односно тоа го анализира меѓу редови.

Овен смета дека пристапот и стилот на игра на Манчестер Јунајтед се нејасни, конфузни, што докажуваат и натпреварите од Премиерлигата на кои играат топло ладно и немаат константност во победите.

Манчестер Јунајтед минатото коло имаше предност во градското дерби против Сити на Етихад, но не издржа до крајот, каде беа поразени со 3:1. Овен смета дека не гледа кон каде се движи овој Јунајтед под водство на Ерик Тен Хаг.

– Го гледам Јунајтед и немам идеја што сакаат да направат на терен. Ако некој што не следи фудбал, ме праша за Сити, знам што да им кажам, играат атрактивен, напаѓачки фудбал, но доколку некој ме праша истото за Јунајтед? дали тие се тим кој ја поседува топката, тим кој напаѓа или се брани? Дали се просечен тим? Не би знаел што да им одговорам.

– Јасниот правец мора да дојде од менаџерот, иако за сите ситуации тој не е виновен, се разбира. Едноставно не го гледам нивниот правец на движење. Добро, ајде да речеме дека не се доволно добри поради неколку играчи, но дали така треба да играат и во иднина?, се прашува Мајкл Овен.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО