Ролфес: Алонсо ќе остане во Баер и следната сезона!

Спортскиот директор на Баер Леверкузен, Симон Ролфес уверен е дека главниот тренер на „фармацевтите“, Чаби Алонсо, нема да го напушти клубот во догледна иднина.

-Да, сигурен сум дека Алонсо ќе остане во Баер. Една од причините е договорот. Другото е што тој и неговото семејство се чувствуваат удобно во Леверкузен. Тој знае што има во овој клуб. Тој исто така има многу добар тим, светли перспективи. Следната година дефинитивно ќе имаме врвен тим, изјави Ролфес.

Минатите денови се појавија информации дека преставници на Ливерпул разговараат за можното назначување на Алонсо за менаџер на тимот од „Енфилд“. Но шпанскиот тренер во моментов не сака да донесува конечна одлука.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО