Родриго: Останувам во Реал!

Бразилскиот напаѓач во екипата на Реал Мадрид, Родриго најави дека нема намера да го напушти клубот и покрај гласините за негово заминување од „Сантијаго Бернабеу“.

– Секако дека останувам во Реал Мадрид. Зошто да заминам? Останувам, изјави Родриго по победничкото финале во Лигата на шампиони.

Претходно Бразилецот на прашање за Манчестер сити рече дека тие се најдобриот тим во светот.

По ова стана јасно дека „граѓаните“ се заинтересирани за напаѓачот, но очигледно ова лето Родриго планира да остане во редовите на европскиот првак.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО