Серијата на Шпанецот Родри без пораз во натпреварите за Манчестер сити трае повеќе од една година, или 429 дена.
„Граѓаните“ ремизираа со Реал Мадрид (3:3) во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампиони (ЛШ). За Родри тој натпревар беше 66-ти во серијата без пораз во дресот на Сити, во сите натпреварувања.
Рекордната серија на играчот од средниот ред на Сити, трае 429 дена и во овој период Сити извојува 51 победа и 15 пати ремизираше. Последниот пораз на шпанскиот репрезентативец беше во февруари 2023 година, од Тотенхем (0:1).