ЛЕ: Бенфика ги откажа билетите за симпатизерите на Марсеј!

Португалската Бенфика ги поништи билетите на гостинските навивачи на Олимпик Марсеј, за натпреварот од Лига Европа (ЛЕ) во четврток, стадионот „Луж“ во Лисабон, откако клубот беше предупреден од властите за планирани судири меѓу навивачите на двата тима.

Минатата недела француските власти им забранија на навивачите на Бенфика да присуствуваат на реваншот на „Велодром“, по што португалскиот клуб ги откажа веќе испечатените билети за навивачите на Марсеј.

Бенфика информира дека биле предупредени од властите за закана по јавниот ред со извршување на акти на насилство во кои се вклучени навивачите на двата клуба.

Во соопштението на Олимпик Марсеј се вели дека ќе сторат „се’ што е во нивна моќ и вo интерес на навивачите за да им обезбедат присуство на натпреварот во четврток, во Лисабон. Олимпик Марсеј ќе продолжи со напорите се’ додека не добие позитивен одговор на случајот за нашите приврзаници, чие однесување сезонава беше многу примерно во Европа“.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО