Напаѓачот на Тотенхем, Ричарлисон ќе биде надвор од терените за претстојниот натпревар против Њукасл во рамките на 33. коло од Премиер лигата. Натпреварот е исклучително важен за двете екипи во битката за европските купови, па затоа бодовите се од огромно значење.
– Ричарлисон ќе го пропушти овој натпревар со Њукасл бидејќи има повреда на коленото. Тој е блиску за враќање, но не за овој туку за следниот викенд, следните две недели ќе бидат преполни со натпревари и поважно е да се има на располагање за тој период, рече Постекоглу. Од почетокот на сезоната, Ричарлисон има 10 гола и 3 асистенции на 25 натпревари во Премиер лигата.