РФМ ги одреди официјалните лица за Ф4 турнирите во Купот на Македонија

Ракометната федерација на Македонија ги одреди официјалните лица за натпреварите од завршницата на Купот на Македонија во машка и во женска конкуренција. Скопското полуфинале меѓу Вардар 1961 и Алкалоид ќе го судат битолските судии Димитар Митревски и Благојче Тодоровски, а скопските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе судат на дуелот Еурофарм Пелистер – Тиквеш.

Финалето, кое е предвидено за в недела од 19:00 часот ќе го водат Сашо Кркачев и Ѓоко Колевски. Браќата Ќаеви и браќата Георгиевски ќе ги судат женските полуфинални средби, додека финалето им е доверено на двојката Вукашиновски и Трајковски.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО