Ретклиф ги шокира на Олд Трафорд: Изненадувачки меил за дел од вработените

Новата управа во Манчестер Јунајтед се решила за еден доста интересен потег, односно изненадувачки во рамки на клубот.

Неколку дена откако го освоија ФА Купот, се случи едно помало изненадување за дел од вработените на Олд Трафорд.

Имено, се е подготвено за некои подобри времиња во клубот откако стапна на власт Сер Џим Ретклиф, но веројатно замислата на групацијата ИНЕОС е нешто поразлична од актуелната.

Човекот кој го купи помалиот пакет акции во клубот, решил дефинитивно да го намали бројот на вработени и трошоците на клубот, со цел да бидат чисти преф финансискиот фер плеј на лигата.

Вчера за дел од вработените пристигнал изненадувачки меил, во кој стоело дека клубот се обврзува нешто порано да им исплати некој бонус кој го исчекувале, но со цел, дел од вработените да дадат моментален отказ.

Во клубот од Манчестер во моментот има нешто над 1.000 вработени, кои не се дел од стручниот штаб, па веројатно еден дел од нив, 5% како што се шпекулира, ќе бидат на листа за отстрел, со цел Ретклиф да ги намали милионските трошоци на Манчестер Јунајтед.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО