Партизан веќе ги планира трансферите: Обрадовиќ на трансфер во Италија?

По неуспешната сезона на домашна и европска сцена, во Партизан веќе се прават планови и подготовки за новата сезона.

Како што известуваат регионалните медиуми, Партизан веќе се распрашувал за Николо Мели од Олимпија Милано, на кого му истекува договорот и наводно веќе му доставиле понуда.

Според кошаркарскиот инсајдер Андре Калцони, за услугите на Мели, освен Партизан, се интересирале и од Реал Мадрид. Двете понуди биле финансиски послаби од она што му било понудено од Милано за продолжување на соработката, понудата изнесувала два милиони евра по сезона.

Предноста на „црно-белите“ од Белград би била таа што Мели две сезони мина во Фенербахче каде соработуваше со Жељко Обрадовиќ, а во првата сезона стигна до финалето од Евролигата.

Мели во Евролигата сезона просечно бележеше по 7,3 поени по натпревар, 4 скока и 2 асистенции.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО