Ѓоковиќ задоволен по 1. коло, но си постави цел: Секој меч ми е нова шанса

Новак Ѓоковиќ е задоволен од сработеното во првото коло на Ролан Гарос.

За него има уште една причина да се чувствува како фаворит во Париз, бидејки неговиот голем ривал, владетелот во Париз, Рафаел Надал беше елиминиран уште првиот натпревар.

Српскиот тенисер беше подобар од Пјер Ига Ербер од Франција со 3:0 во сетови ( 6:4, 7:6 (3), 6:4.)

– Секој меч го гледам како нова шанса, не знам уште колку ќе можам да играм на високо ниво, се обидувам најдобро што можам. Одличен меч и атмосфера. Ербер со сервисот ми задаваше големи проблеми. Ова ми е омилениот турнир на земја, се надевам дека ќе стигнам далеку овде, одам во вистински правец, но сигурен сум, голема е планината пред мене на која треба да се искачам, порача Новак Ѓоковиќ.

Српскиот ас во второто коло ќе игра против шпанскиот тенисер Роберто Карвалјес Баена.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО