Репрезентацијата е светост – Ристовски се обиде да испрати порака во вид на фотографија

Поранешниот капитен на репрезентацијата, Стефан Ристовски, по поразот на Македонија во Ријека вчера, испрати една јасна порака на социјалните мрежи.

Поради неговиот не така добар однос со селекторот Милевски, реши да ги замрзне настапите за репрезентацијата на Македонија, а овој будно го следеше натпреварот и очигледно со последниот пост се обиде да испрати јасна порака до селекторот и репрезентативците.

Ристовски на Инстаграм објави фотографија од еден негов настап, кога крвареше во дресот на Македонија. Со оглед на тоа што вчера не се виде некоја преголема желба да се постигне гол или да се направи некој добар резултат, пораката на Ристовски е јасна.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО