Артета не може да ја прежали сезоната: Болно е чувството

Тренерот на „топчиите“ Микел Артета, никако не може да ја поднесе болката од загубената титула во Премиерлигата, иако беа блиску до тоа остварување.

Изминатиот период клубот од Лондон напредуваше во своите цели и квалитетот на играта, а за тоа е најзаслужен токму тренерот Артета.

Несомнено дека по претходната добра сезона, Арсенал во сезоната штотуку заврши, беше далеку подобар, поконстантен и квалитетен, а тоа се одрази и на табелата, кога до последното коло имаа шанси за титулата.

– Имавме доста возбудлива сезона, треба да сме горди на постигнатото. Но дефинитивно присутно е чувството на разочараност од тоашто не успеавме да ја донесеме титулата назад во Лондон.

– Пред се, изградивме верба кај нашите навивачи, кои не поддржуваа до самиот крај. Издржавме до крај, но мора да им се честита на Манчестер Сити, тие се шампионите. Не можеме да ја споредиме лигата со она што се случуваше пред неколку години, такви бројки нема да се постигнат. Нивото сега е во друга фаза. Ние ќе се обидеме да излеземе посилни и следната сезона да се вратиме триумфално, порача Артета.

 

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО