Рељиќ освои сребро во Турција

Најдобрaта млада спортистка на Македонија за 2023 година, Милијана Рељиќ го освои сребрениот медал на едно од најсилните натпреварувања во таеквондо, Турција Г1 опен.

Таа во елиминациите ги совлада Нур Хава Текташ, Бејза Карабулут, Гокче Хуру и претставничката на Русија, додека во финалето загуби од Хрватката, Ивана Арелиќ.

Во категоријата на Рељиќ чествуваа 250 натпреварувачки, а вкупната бројка на собирот во Турција беше преку 2.000, од кои дел се светски и олимписки медалисти.

Македонската претставничка со пласманот во финалето успеа да освои нови 7,20 поени и да остане во трката за норма за настап на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Париз 2024.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО