Реал Мадрид заинтересиран за Трент Александер-Арнолд

Реал Мадрид ја следи ситуацијата околу заменик капитенот на Ливерпул, Трент Александер -Арнолд , чиј договор со клубот од „Енфилд“ е до летото 2025-та.

Според информацијата во шпанските медиуми, Реал Мадрид сè уште не контактирал со Ливерпул и не дал понуда за купување на играчот. Забележано е дека во оваа фаза мадридскиот тим едноставно покажува интересирање за фудбалерот кој потекнува од школата на Ливерпул.

Александар-Арнолд има 25 години и игра за првиот тим на „црвените“ од 2016 година. Сезонава англискиот фудбалер одигра 29 натпревари во сите натпреварувања, постигна два гола и имаше 10 асистенции. Неговата пазарната вредност се проценува на 70 милиони евра.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО