Реал Мадрид со интерес за Алексис Мек Алистер од Ливерпул

Реал Мадрид е заинтересиран за трансфер на 25-годишниот играч од средниот ред на Ливерпул, Алексис Мек Алистер, пренесуваат англиските медиуми. Според истите, во Ливерпул добиле писмо со кое јасно се искажуваат желбите за ангажирање на играчот, но се уште нема конкретна понуда од Мадрид.

Реал Мадрид сака да го ангажира Мек Алистер по следната сезона, кога Тони Крос и Лука Модриќ најверојатно ќе го напуштат шпанскиот тим. Алексис Мек Алистер игра за Ливерпул од летото 2023 година. Аргентинскиот играч за врска претходно настапуваше за Брајтон.

Оваа сезона 25-годишниот фудбалер одигра 43 натпревари во сите натпреварувања, постигна шест гола и имаше седум асистенции. Неговата пазарната вредност во моментот е околу 70 милиони евра.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО