Реал Мадрид остана без играчи во средниот ред?!

Сложена ситуација во Реал Мадрид со повредите на играчи, особено на тие од средниот ред. Откако претходно се повредија клучните играчи, Џуд Белингам и Едуардо Камавинга, Реал вчера објави дека потешко е повреден и Дани Себалјос.

Но, лошите вести за Реал не завршија тука. Синоќа француските медиуми објавија дека Орелиен Чуамени е ослободен од собирот на француската репрезентација поради болки во левото стапало.

Подоцна шпанските медиуми објавија дека повредата на Чуамени сепак не е посериозна како на другите соиграчи, но и дека можеби ќе го пропушти првиот натпревар по репрезентативните натпревари, по 11 дена против Реал сосиедад

Реал моментално има само тројца здрави играчи од средниот ред. Тоа се Федерико Валверде, Арда Ѓулер и Лука Модриќ.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО