Дефанзивецот Лукас Васкез ќе го продолжи договорот со Реал Мадрид за уште една година. Само неколку дена откако Анчелоти изјави дека Васкез е важен дел од тимот, раководството на Реал одлучило да ја продолжи соработка.
Официјализирање на договорот се очекува во наредните денови. Васкез (33) е роден во Мадрид, а во Реал игра целата кариера, на вкупно 347 натпревари, со една позајмица, во Еспањол, меѓу 2014 и 2015 година.