Реал Мадрид ќе го убедува Фоден да дојде на „Сантијаго Бернабеу“!

Играчот од средниот ред на Манчестер сити, Фил Фоден, би можел кариерата да ја продолжи во Реал Мадрид.

Одредени извори тврдат дека мадридскиот клуб во моментов прави максимални напори да го убеди Фоден да ја продолжи кариерата во шпанската Ла лига. Проценетата сума за трансфер на играчот е околу 100 милиони фунти.

Фоден (23) е производ на школата на Сити и за првиот тим настапува од 2016 година. Тој во дресот на „граѓаните“ освои 16 трофеи, вклучувајќи ја и Лигата на шампиони (ЛШ) лани. Сезонава крилниот напаѓач одигра 39 натпревари во сите конкуренции, постигна 18 гола и имаше 10 асистенции.

Тој има договор клубот до јули 2027 година. Неговата цена на фудбалскиот пазар, според интернет порталот Трансфермаркт, изнесува 110 милиони евра.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО