Макрон стравува од терористички напади на ЛОИ 2024

Францускиот претседател, Емануел Макрон, побарал намалување на бројот на гостите на свеченото отворање на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Париз поради стравувања од напади на исламистички терористички групи, објави европската верзија на весникот „Политико“, повикувајќи се на анонимен висок функционер во Министерството за внатрешни работи.

Макрон се плаши од безбедносен аспект бидејќи церемонијата на отворањето за прв пат во историјата на ЛОИ ќе се одржи на отворено, на брегот на реката Сена.

Изворот на весникот посочи дека француските разузнавачки служби сè уште не регистрирале закана од терористички напади за време на Игрите што ќе се одржат од 26 јули до 11 август.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО