Играчот од средниот ред на Интер и италијанската репрезентација Николо Барела би можел да стане играч на Реал Мадрид, пренесуваат шпанските портали.
Според истите, челниците на Реал Мадрид го гледаат италијанскиот играч за врска како соодветен кандидат да го замени легендарниот хрватски фудбалер Лука Модриќ, кој најверојатно ќе ги напушти на крајот на оваа сезона.
Забележано е дека клубот од Милано ќе биде подготвен да се раздели со 27-годишниот играч за не помалку од 60 милиони евра.
Барела се пресели во Интер од Каљари во 2020 година за 32,5 милиони евра.Сезонава играчот од средниот ред одигра 31 натпревар за Интер во сите натпреварувања, на кои постигна два гола и три асистенции. Актуелниот договор на играчот со миланскиот клуб трае до крајот на јуни 2026 година. Проценетата цена на фудбалерот е 75 милиони евра.