Хрватот Марио Хезоња најверојатно ќе остане во Реал Мадрид и во иднина, иако постоеа одредени шпекулации за негова преселба во друг голем клуб.
Реал сезонава беше поразен во финалето од Панатинаиксо за титулата во Евролигата, па ќе се обидат да го задржат актуелниот тим и по можност да го засилат, па следната сезона да се вратат на тронот.
По тој повод, Реал веќе биле блиску до договор со Хезоња за негово останување, со нешто подобрена плата од претходниот договор. Тој би можел да заработува и над 5 милиони евра со одредени бонуси.
Новинарот Матео Андреати исто така тврди дека се блиску до договор и дека Марио Хезоња ќе ја прифати понудата на Реал по завршување на АЦБ лигата.
Како за потсетување, Хезоња ја задолжи опремата на Реал Мадрид во 2022 година, доаѓајки од рускиот клуб Уникс.
Mario Hezonja and Real Madrid are very close to reach an agreement for the renew, I’m told.
2 yrs / 5 million € + bonus contract on the table.
Probably official after ACB Liga Endesa finals vs Murcia.
First told @Ramon_AlvarezMM#Basketball #Baloncesto #EuroLeague #Transfers pic.twitter.com/YipBYfHrRM— Matteo Andreani (@matty_vanpersie) June 6, 2024