Шундовски: Успесите се дополнителна мотивација за Еурофарм Пелистер

Спортскиот директор на ракометниот состав Еурофарм Пелистер од Битола, Звонко Шундовски, во интервјуто за Спортско радио 90,3 ФМ, проговори за летните активности, за новите имиња во клубот и за плановите за наредната сезона.

– Втора година по ред сме шампиони на Македонија што е голем успех за клубот. Битола живее за ракометот, а прославата на титулата траеше неколку дена, вели Шундовски

Шудовски открива дека ќе се прави состав кој ќе биде посилен од лани и што ќе бележи уште подобри резултати.

– Рбетот на тимот останува ист, условно речено првата постава, но се бројат деновите кога ќе ги објавиме новите засилувања. Ќе атакуваме на двојната круна дома, и секако посакуваме подобри резултати во Европа. Ќе направиме се’ што можеме да добиеме и „вајлд карта“ за учество во Лигата на шампиони.

По паузата, летните подготовки ќе ги почнеме на 24 јули. Сакаме да настапиме на струшкиот и на охридскиот турнир, како и на традиционалниот во Добој, БиХ што ќе биде исклучително силен, со учество на екипи кои играат во ЛШ, потенцираше Шундовски.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО