За новата сезона, ракометниот клуб Вардар се засили со ракометар од Тунис, Ашреф Маргели, кој ќе настапува на позицијата десен бек.
Договорот со Вардар е потпишан на една сезона, па доколку задоволи, оваа соработка може да биде и дополнителна. Ракометарот има 27 години.
– Сакам да му се заблагодарам на Вардар што ми даде шанса да станам дел од историскиот тим во следната сезона. Многу сум горд и мотивиран и навистина со нетрпение очекувам да ги бранам боите на Вардар, и да му помогнам на клубот да ги постигне целите поставени за претстојната сезона.
– Исто така, би сакал да ја искористам предноста и да му се заблагодарам на господинот Борко Ристовски кој навистина направи одлична работа да ме донесе во Скопје и кој навистина дава се од себе за да го врати Вардар на местото каде што припаѓа: помеѓу најдобрите европски клубови. Ви благодарам за трудот, верувавте во мене и ми давате можност да го покажам најдоброто од мене, порача Ашреф Маргели.