Рашфорд во војна со навивачите на Јунајтед: Морам да кажам, доста е!

Маркус Рашфорд сезонава е бледа сенка на она што беше претходните сезони за Манчестер Јунајтед.

Неговиот придонес за Јунајтед сезонава е минимален, а тоа се одрази и на формата на клубот и позицијата на табелата во Премиерлигата, сезона по која Јунајтед скоро сигурно нема да игра во Лигата на шампионите.

Многупати Рашфорд добиваше критики и свирежи од трибините, а за тоа и самиот Рашфорд е свесен, па порача:

– Знам дека не сум совршен, кога ќе направам грешка, јас сум првиот кој ќе подигне рака и ќе каже дека морам подобро. Но доколку некогаш ја доведете мојата посветеност кон Манчестер Јунајтед, тогаш морам да кажам, епа доста беше. Останувам посветен на клубот, но неправедни се нападите кон мене, порача Рашфорд за медиумите.

Тој минатата сезона постигна 30 голови, додека сезонава се мачи, има само седум погодоци во сите натпреварувања.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО