Ракометарките ги стартуваа подготовките за двомечот со Шпанија

Женската ракометна репрезентација на Македонија со првиот собир кој го имаше денес ги започна подготовките за квалификациските натпревари против Шпанија за пласман на Европското првенство.  Македонските ракометарки првиот натпревар против Шпанија ќе го одиграат во СЦ „Борис Трајковски“ на 29 февруари, со почеток во 18:00 часот, а влезот ќе биде слободен за сите љубители на ракометот.  Македонија во овие квалификации забележа две победи на стартот, односно ги совлада Литванија и Азербејџан, а дуелите со Шпанија директно ќе одлучуваат за првото место во нашата група.  Шпанија и Македонија во моментов имаат по четири бода. Секако Шпанија е голем фаворит, но нашите репрезентативки ќе се обидат пред домашната публика да извлечат поволен резултат против силниот ривал и ќе се обидат да направат изненадување. Вториот дуел меѓу Македонија и Шпанија ќе се одигра на трети март во шпанскиот град Ланзароте.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО