Здружението на спортски новинари на Србија ги додели наградите за изминатата година

Денес во галеријата на Радио Телевизија Србија (РТС) во Белград се одржа годишното доделување на наградите на Здружението на спортски новинари на Србија. Притоа беа доделени најнапред награди за најдобрите спортисти, за најдобар спортист во изминатата година е избран Новак Ѓоковиќ, а за најдобра спортистка е избрана Ивана Шпановиќ. Златниот микрофон му припадна на Дарко Плавшиќ, а дописник на годината е избран Миљан Миниќ од Нови Пазар. Наградите за животно дело ги добија Душан Бабовиќ и Радован Максимовиќ -Максо од Спорт Нетворк со кого имаме одлична соработка и дел од неколку проекти кој беа и ќе се снимаат во Македонија. Постхумно е награден Арсеније Шошкиќ, долгогодишен уредник на спортската рубрика во Вечерњи новости.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО