Ракометарите на Македонија денеска на првиот тест со Романија

Машката ракометна репрезентација на Македонија денеска (17 ч.) ќе го одигра првиот од двата контролни меча со селекцијата на Романија. Избраниците на Кире Лазаров гостуваат во градот Браила, во рамките на ЕХФ неделата.

Македонија на двете средби со Романците нема да настапи во комплетен состав, бидејќи поради повреда ќе недостигаат Филип Кузмановски, Ненад Костески, Томислав Јагуриновски и Павле Атанасијевиќ.

Натпреварите со Романија се дел од подготовките за бараж двомечот против Фарските Острови.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО