Челниците на Арсенал му ја исполнија желбата на менеџерот, Микел Артета и му го обезбедија потписот на договорот со голманот на Брентфорд, Дејвид Раја, наведува денеска познатиот новинар, Фабрицио Романо.
„Топчиите“ кои за неговиот ангажман ќе платат 27 милиони фунти ја активирале опцијата за купување на 28-годишниот шпански репрезентативец кој во минатата сезона настапуваше како позајмен играч.
Раја во елитната конкуренција на Островот настапи на 31 меч, а на речиси половина од нив неговата мрежа остана незатресена.