„Би-би-си“ му се потсмева на Роналдо за промашениот пенал!

Кристијано Роналдо имаше можност во 105. минута од мечот Португалија – Словенија, во финишот од првото продолжение, да и донесе водство на својата селекција со гол од пенал.

Но, Јан Облак брилијантно реагираше и го запре неговиот удар. Во истовреме, „Би-би-си“ направи „непристоен потег“ во преносот од натпреварот, поради што беше „распнат“ на социјалните мрежи.

При прикажувањето на видеото од неуспешниот пенал обид на Роналдо, „Би-би-си“ објави натпис со кој му се потсмева на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.

Место Кристијано Роналдо, и без никакво појаснување, „Би-би-си“ напиша „Мистијано Пеналдо“ со видео снимката од пеналот, поигрувајќи си со зборот промашување (miss) и пенал за да го исмее Роналдо.

Ова предизвика многу негативни реакции кај следбениците на социјалните мрежи, кои ова го оценија како непрофесионално и побараа извинување од „Би-би-си“.

На социјалните мрежи се јави и Џон Тери, поранешниот капитен на Челси и на англиската репрезентација. „Би-би-си, ова е срамота“, напиша тој на Инстаграм.

По промашениот пенал, Роналдо се расплака чекајќи да почне второто продолжение од натпреварот. Откако немаше ниту голови, тој повторно ја презеде одговорноста во пенал-рулетот и постигна гол.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ




НАЈНОВО