Рафаел Леао: Мојата иднина е во Милано

Крилниот напаѓач на Милан, Португалецот Рафаел Леао, зборуваше за иднината, истакнувајќи ја желбата да освојува трофеи со „росонерите“.

– Мојата иднина е во Милано, сè уште имам важечки четиригодишен договор. Милан ми помогна кога бев во многу тешка ситуација, ме поддржа. Дојдов овде како дете, тука пораснав како човек и како фудбалер. Би сакал да освојувам важни трофеи како Лигата на шампиони или Лига Европа. Кога си во Милан, мораш да го направиш тоа, не е избор, тоа е обврска, да го запишеш името во клупската  историја.

Што се однесува до Лига Европа, таму има многу силни тимови, но ние имаме јасна идеја во нашите глави: да стигнеме до финалето и да победиме, изјави Рафаел Леао.

Сезонава Леао настапи на 33 натпревари на сите натпреварувања, на кои постигна девет гола и имаше осум асистенции. Неговата пазарна вредност изнесува 90 милиони евра.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО