Рафаел Бенитез доби отказ од Селта Виго, клубот кој е на 17-то место на табелата во Ла лига, нa само два бода од зоната за испаѓање.
Селта забележа само пет победи на 24-те првенствени натпревари сезонава, a неделниот пораз од Реал Мадрид, 0:4, беше 14-ти.
Бенитез (63), поранешен менаџер/тренер на Ливерпул, Њукасл и на Реал Мадрид ја презеде Селта минатото лето, откако беше без работа по отказот од Евертон, во јануари 2022 година.
– Рафа Бенитез и неговиот тренерски штаб си заминуваат од Селта по осум месеци апсолутна посветеност, во кои тимот сепак не ги забележа очекуваните резултати, се наведува во клупското соопштение.
𝗢𝗙𝗙𝗜𝗖𝗜𝗔𝗟 📣 Rafa Benítez and RC Celta part ways.
Our thanks to @rafabenitezweb and his staff for the honesty and professionalism they have shown since their arrival at the club.
Best of luck and success in the future!
— RC Celta English (@RCCeltaEN) March 12, 2024