Рафа Бенитез во Атина – Панатинаикос подготвува голем потег

Шпанскиот стратег Рафаел Бенитез е главна тема во грчките медиуми откако беше забележан во Атина, каде според информациите се одржале првични разговори со раководството на Панатинаикос

Панатинаикос е во потрага по нов тренер откако го отпушти Руи Виторија по серијата незадоволителни резултати. Тимот во моментов го води Христос Контис, кој донесе краткорочна стабилност, но клубот бара искусен стратег за долгорочен проект.

Според медиумите, Бенитез е подготвен да прифати договор од една сезона, вреден околу 5 милиони евра.

Сепак, клубот официјално не потврдил преговори и засега негира дека е постигнат договор. Доколку трансферот се реализира, тоа ќе биде еден од најгласните потези во грчкиот фудбал оваа сезона.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО