Интер оствари рекорден приход

Италијанскиот фудбалски гигант Интер објави рекордни финансиски резултати за сезоната 2024/25 — приходите на клубот достигнаа 567 милиони евра, што е зголемување од 94 милиони евра во споредба со претходната сезона.

Ова не е само рекорд за Интер, туку и за целиот италијански фудбал — претходниот највисок приход го држеше Јувентус со 464 милиони евра, остварени во првата сезона кога беше дел од клубот Кристијано Роналдо.

Зголемувањето на приходите е резултат на повеќе фактори:

– подобри резултати на домашната и европската сцена;

– учество во проширеното Светско клупско првенство;

– пораст на комерцијалните приходи преку спонзорства и натпревари.

Интер ја завршил финансиската година со нето добивка од 35,4 милиони евра, што е значителен напредок во однос на минатата сезона, кога клубот имаше загуба од 35,7 милиони евра.

И покрај финансиската стабилност, Интер не освои трофеи оваа сезона — загуби во финалето на Лигата на шампионите од ПСЖ, беше второпласиран зад Наполи во Серија А, испадна од Купот на Италија и Суперкупот, и не успеа да направи повеќе на Клупскиот Мундијал.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО