Рафа Бенитез го презеде Панатинаикос – најголем договор во историјата на грчкиот фудбал

Шпанскиот стручњак Рафаел Бенитез е новиот тренер на грчкиот клуб Панатинаикос, потврдија од клубот. Договорот е за период од две години, со можност за продолжување за уште една сезона. Според извори, годишната плата на Бенитез изнесува 4 милиони евра, што го прави најплатен тренер во историјата на грчкиот фудбал.

Бенитез, кој ја освои Лигата на шампионите со Ливерпул во 2005 година, претходно работеше во клубови како Валенсија, Интер Милан, Челси, Наполи, Њукасл Јунајтед и Селта Виго, каде што беше отпуштен во март 2024 година.

Панатинаикос, кој моментално се наоѓа на седмото место во грчката Супер лига, ќе го има своето прво деби под водство на Бенитез во недела, кога ќе го пречека Астерас Триполи.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО