Ханси Флик јавно потврди на кого не смета за следната сезона

Сега веќа и дефинитивно се знае дека Маркус Рашфорд заврши со Барселона. Ова го потврди и Ханси Флик, стратегот на шампионот во Ла Лига.

Каталонскиот клуб се подготвува во Англија, каде што синоќа го одигра својот прв пријателски натпревар, а противник им беше Бирмингем.
Стадионот во Бирмингем беше полн до последното седиште бидејќи доаѓањето на Барселона во овој град предизвика огромно внимание иако Блауграната настапи на синоќешниот натпревар без своите најголеми ѕвезди.
На крајот, и Бирмингем пружи одличен отпор, а натпреварот заврши со резултат 2:2. Во тимот на Барселона се истакна младиот египетски напаѓач Хамза Абделкарим, кој ги постигна двата гола. Сепак, по натпреварот, во центарот на вниманието беше Ханси Флик, кој ја запечати судбината на еден од играчите кои играа во дресот на Барселона минатата сезона и се очекуваше да останат во тимот.
Тоа е Маркус Рашфорд кој играше во Барселона како позајмен од Манчестер Јунајтед и остави многу добар впечаток, но синоќа Флик јасно стави до знаење дека неговиот договор нема да биде откупен и дека нема да се врати во Барса.

“Што се однесува до Маркус Рашфорд, му посакувам се најдобро во кариерата и му сум благодарен за сè што направи за нас. Беше задоволство да соработувам со него. Понекогаш едноставно не можеме да знаеме што се случува во главите на луѓето, не знаеме што мисли играчот кога е сам, па затоа не беше навистина лесно да се справиме со тоа. Ми беше навистина удобно да работам со него, тој е одличен играч и уште подобра личност. Мислам дека неговото отсуство ќе се почувствува многу, но таков е животот“, рече тренерот на Барселона.

❗️Hansi Flick: “It was a real pleasure to work with Marcus Rashford.”

“Sometimes you don’t know what’s going on with the players and their situation.”

“He’s a fantastic player and a fantastic person. I truly enjoyed working with him.”

“I think the team is going to miss him.… pic.twitter.com/NibpjqrcSY

— Barça Universal (@BarcaUniversal) July 31, 2026

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО