Младиот напаѓач на Барселона, Ламин Јамал, предизвика контрaверзија со своите изјави за Реал Мадрид пред претстојното „Ел Класико“. Во емисијата „Лига на кралеви“, која ја основа Џерард Пике, Јамал не се воздржа од критики кон ривалот.
Во разговорот со инфлуенсерот Ибаи Љанос, кој го претставува Реал Мадрид во истата лига, Јамал изјави:
– Да, тие крадат, тие кукаат, тоа е она што го прават.
Кога Љанос го праша дали Реал крадат, Јамал потврди со рацете, но се обиде да се коригира, додавајќи:
– Добро, ајде да видиме, ќе видиме.
Овие изјави предизвикаа бурни реакции меѓу навивачите на Реал Мадрид, кои ги сметаат за неприфатливи. „Ел Класико“ се игра в недела во Мадрид, со почеток во 16:15 часот.